Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бизнис објектив“: За 5 години Македонците купиле имоти во Грција вредни 68 милиони евра

/

Бизнис објектив

Сподели преку :

Минатата година македонските граѓани во Грција купиле недвижности вредни 21 милион евра. За последните пет години инвестициите достигнуваат 68 милиони евра. Но, најавеното зголемување на данокот на промет за купувачите од земји надвор од Европската Унија, од 3 на дури 15 проценти, може значително да ја промени атрактивноста на грчкиот пазар за македонските купувачи. Каде ќе се пренасочи овој капитал? Дали дел од инвестициите ќе се прелеат на домашниот пазар и дополнително ќе ги зголемат цените на недвижностите во туристичките центри?
Во Охрид и Струга градежната експанзија веќе е во полн ек, а на најатрактивните локации на охридското крајбрежје квадратен метар надминува 3.500 евра. Што ќе се случува со цените, понудата и побарувачката на македонскиот пазар?