Домашните компании во калкулации. Поради високоте цени на берзите особено на енергенсите состојба наметната од глобалните тензии пресметаа значителнo зголемени трошоци во работењето.
Зa некои суровини освен што плаќаат повисока цена тешко мoжат и да ги добијат.
Домашните експерти со смирувачки тонови но и со предлози. И покрај ценовниот удар особено кај енергенсите, земјите сеуште не се во рецесија.
Но предлагаат ако ескалира ситуацијата да се воведат ваучери прво за гориво па ако има потреба и за дриги производи.
Во моментов цената на нафтата на берзите е нешто под 100 долари за барел.
За сега се делува со намалено ДДВ за дизелот, а спуштена е и акцизата.
Сепак, вчера РКЕ одличи дизелот да поскапи за 5.5 денари, а бензините поевтинија за денар и половина.
Домашните и светските експерти се надеваат дека по средбата на големите лидери за технолошката војна меѓу САД и Кина ќе се смират берзите.
Во меѓувреме на домашен терен се прават калкулации со какви други мерки ќе има простор да се делува ако има потреба од тоа.
Од Охрид за Вестите на Телма се јави Ирена Чачкова

Глобалните тензии ги дигнаа берзантските цени, а особено се зголемени трошоци кај транспортот. На годишната конференција на Македонската берза, претставниците на големите компании нагласија дека нивните трошоци за работа се значително пораснати но сепак економистите уверуваат дека се уште не сме влезени во рецесија. Генералниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов рече дека со подигнување на… Продолжи со читање












