Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 10°C, а максимумот од 12 до 18°C.
Информација од ова утро 29.10.2026
Утринска температура измерена во 7 часот (во °C)
14 Гевгелија, 11 Скопје, Велес, Кавадарци, 10 Тетово, Крива Паланка, 9 Куманово, Берово, Прилеп, Битола, 7 Струмица, Демир Капија, Виница, 6 Охрид, Штип, Претор, Крушево 4 Маврово.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!












