Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд – Временска прогноза за 22.10.2026

/

Временска прогноза

Сподели преку :

Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 3 до 11, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Информација од ова утро 21.10.2026

Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)

2 Берово, 5 Крива Паланка, Тетово, Битола, Лазарополе, Попова Шапка, 6 Скопје-Петровец, Струмица, Маврови Анови, 7 Велес, Прилеп, Крушево, 8 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Охрид, Претор, 9 Кавадарци, 10 Виница, 11 Демир Капија, Гевгелија.

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!