„Талат Џафери противправно си ја додели улогата на уставен судија“, кажа на вечерашната прес- конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието.
Според неа, власта бега од соочување со народот затоа што знаат дека ќа има излезност на референдумот и знаат дека народот е против договорот кој е извор на асимилацијата.
„Џафери е шампион во кршење на Уставот за што не постои друг пример во светот. Иницијативата за референдум е во согласност со членот 24 од Ззаконот за референдум и не е во спротивност на Уставот, а тој член дозволува распишување на рефендуми“, децидна е Стојаноска.
Таа потенцираше дека ова дополнително ќе ги заостри односите во собранието за што виновна ќе биде власта.
„Не се работи за менување на меѓународен договор, референдумското прашање е дали сте за престанок на важењето на договор со Бугарија“, рече на вечерашната прес- конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието.

„Кога не избираат на јавни функции даваме заклетва за почитување на законите, за почитување на Уставот. Сите знаат дека овој референдум нема да успее, вака како што го зацртаа, Мицковски сака да се сокрие зад граѓаните. Не може со закон Собранието да прекине друг закон“, истакна вечерва на прес-конференција Јован Митрески, координатор на пратеничката група… Продолжи со читање
Инаку, попладнево Претседателот на собранието, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништувањее на договорот со Бугарија.
Во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Џафери пишува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународноте договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.













