Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Студентската листа слави победа, повика на мирна и достоинствена прослава

/

Свет

Сподели преку :

Студентската листа  прогласи победа на вонредните парламентарни избори во Србија. Според прелиминарните проценки на CeSID и Ipsos, студентската листа освои околу 52 проценти од гласовите и би можела да освои 138 пратенички мандати, што би обезбедило независно мнозинство во парламентот.

Првиот на листата, Илија Срдановиќ, рече дека прва задача е градење на демократски институцции.

„Првата задача е да го направиме она што го ветивме. А тоа е да го почитуваме планот што беше договорен и за кој ги информиравме граѓаните на Србија: градење на Србија врз демократски принципи, владеење на правото и почитување на правдата. Без тоа, нема иднина за Србија!“, нагласи Срдановиќ.

Голема прослава започна во студентскиот изборен штаб, а претставниците на листата испратија порака до граѓаните за почетокот на ново поглавје за Србија.

Студентите ги повикаа граѓаните мирно и достоинствено да ја прослават победата, без конфликти или насилство.

„Ги повикуваме граѓаните мирно, достоинствено и гордост да ја прослават победата, да не наседнуваат на провокации, да не влегуваат во конфликти и да не дозволат обидот на никого да предизвика тензии да го засени она што го постигнавме заедно“, рекоа тие.

Откако Вучиќ го призна поразот, поддржувачите на победничката Студентска листа се упатија кон Чациланд, импровизирана шаторска населба во паркот Пионирски, која со месеци претставуваше едно од главните упоришта и симболи на владата на Вучиќ, a групата мажи облечени во црно, од кои некои носеа качулки и фантомки,  го напуштија паркот.