САД сакаат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху јавно да ја осуди опсадата што ја воведоа еврејските доселеници врз палестинското село, соопштија денеска американски и израелски претставници.
Доселениците речиси една недела ги опседнуваат домовите во Кустра на окупираниот Западен Брег, блокирајќи ги Палестинците да влезат во област каде што групите за човекови права велат дека доселениците прават заеднички напори да заземат повеќе земја, дополнително еродирајќи ја територијата каде што Палестинците сакаат да основаат држава.
Опсадата предизвика јавни критики од САД, американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби – силен застапник на еврејските населби на Западниот Брег, во четврток ги осуди доселениците кои го опседнаа палестинскиот дом како „израелски терористи“.
Американски и израелски претставници во петокот изјавија дека претставници на Белата куќа вршат притисок врз Нетанјаху јавно да ја осуди опсадата.
Вашингтон започна протест откако дозна дека домот на еден палестински Американец е меѓу оние под опсада, изјавија двајца претставници, кои зборуваа под услов на анонимност за да опишат чувствителни дискусии за кои знаеле.
Нетанјаху не коментираше за опсадата на Кустра. Ниту неговата канцеларија ниту Белата куќа не одговорија веднаш на барањата за коментар, објави Ројтерс.
Франција денеска ги осуди израелските доселеници за окупација на палестинските куќи во селото Кустра на окупираниот Западен Брег.
Министерството за надворешни и европски работи на Франција ги повика „израелските власти да ги уапсат и гонат сторителите на овие злосторства“ во соопштението на платформата Х, со оценка дека политиката на Израел за градење и проширување на населбите го загрозува решението со две држави, пренесува Ал Џезира.
Белата куќа врши притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху јавно да го осуди бранот насилство на израелските доселеници на окупираниот Западен Брег, изјавија за Ројтерс еден американски и еден израелски функционер, кој сакаше да остане анонимен.
Притисокот од Вашингтон следеше откако американскиот амбасадор во Израел Мајк Хакаби ги нарече доселениците кои вчера ги опседнаа палестинските домови „израелски терористи“.












