Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реформата на министерот Мисајловски за професионалните војници е престава и популизам – Независниот синдикат достави свој предлог

/

Македонија

Сподели преку :

Независниот синдикат на професионалните војници  го оценува како ПР-кампања и популизам решението што вчера  го понуди министерот за одбрана Владо Мисајловски за статусот на професионалните војници. Од Синдикатот велат дека можноста по навршувањето на 45-годишна возраст да продолжат да работат во Армијата како цивилни лица, однсоно   обезбедување на армиските објекти, е катастрофална понуда и чекор назад во остварувањето на нивните права. Велат  ќе земаат за 30 проценти пониска плата, со што ќе биде помала и основицата за пресметка на нивната пензија.

-Наместо да имаат еднакви права за пензионирање како активниот воен персонал, вие сакате професионалните војници да ги направите цивили. Со ова нема да им се трансформира работниот однос на неопределено време по петтата година, туку ќе продолжат да работат на определено време цели 20 години, а дури на 45-годишна возраст ќе им го трансформирате работниот однос, но како цивили, ако не ги избркате од работа, како во изминатиот период,  вели Александар Насковски, претседател на НСПВ.

Демантираат дека досега не понудиле решение и денеска до Собранието го доставија својот предлог-закон. Бараат законот да влезе во собраниска процедура по скратена постапка и да биде донесен во рок од седум дена..

-Денеска до Собранието го поднесуваме нашиот предлог-закон за трајно решавање на статусот на професионалните војници. Ќе се почитуваат еднаквите права со активниот воен персонал, а професионалните војници ќе останат на работното место до нивното пензионирање, со договор на неопределено време. Бараме овој предлог-закон да биде поддржан од собраниското мнозинство, рече  Насковски.

Во спротивно, најавуваат протест на 7 ноември пред Владата, кој го закажале пред вчерашната прес-конференција на Мисајловски

Емилија Мисирлиевски

Jumbo 2