Српскиот патријарх Порфириј ќе служи опело за Ратко Младиќ во 12 часот во црквата „Свети апостол Лука“ во Кошутњак, соопшти Српската православна црква.
Младиќ ќе биде погребан во гробницата на Топчидерските гробишта, каде што почива и неговата ќерка Ана.
Граѓаните, ветераните и воените инвалиди оддаваат почит
Граѓаните чекаат во ред за да влезат во црквата „Свети апостол Лука“, во која е изложен ковчегот со телото на Младиќ. Тие изразуваат сочувство до семејството, кое се наоѓа во самиот храм.
Дел од патиштата кон Кошутњак се затворени, а голем број граѓани се обидуваат пеш да пристигнат до овој дел од Белград. Воведени се и засилени безбедносни мерки, како околу црквата, така и во самиот храм – пренесуваат српските медиуми.
Ковчегот со телото е изложен од седум часот наутро во црквата „Свети Лука“ во населбата Филмски град, на Кошутњакското Брдо. Планирано е поворката да пристигне до Топчидерските гробишта, кои се оддалечени неколку километри од црквата „Свети Лука“, а погребот да започне меѓу 13:30 и 14 часот.
Ратко Младиќ, поранешниот командант на Војската на Република Српска, почина на 27 август, додека се наоѓаше во притвор во Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, каде што ја издржуваше доживотната затворска казна.












