Нагасаки ја одбележа 81-годишнината од атомското бомбардирање на јужниот јапонски град од страна на САД, а градоначалникот Широ Сузуки ја осуди растечката поддршка за нуклеарно вооружување. Претставници од повеќе од 90 земји присуствуваат на комеморативен настан во Паркот на мирот во Нагасаки.
Нуклеарниот напад врз Нагасаки, во кој беа убиени 74.000 луѓе, се случи три дена откако американските сили ја фрлија првата атомска бомба врз Хирошима. Двата напада ја принудија Јапонија да се предаде, што и го стори на 15 август 1945 година.
Нападите со атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945 година, произлегоа од шестгодишното истражување на научници од Европа и Северна Америка што започна во 1939 и 1941 година, кога американската влада го започна Проектот „Менхетен“ исклучиво со цел да направи атомски бомби. Првата и засега единствена жртва на атомските бомби останува Јапонија, земјата што го доживеа најстрашниот напад во историјата.
Според наредбата на Труман, првата нуклерана бомба од 15 килотони беше фрлена врз Хирошима на височина од 9.400 метри и содржела 60 килограми ураниум. Експлодирала на височина од околу 600 метри над земјата, предизвикувајќи топлотен бран со температура до 5000 степени Целзиусови, моќен ударен бран со брзина од 800 км/ч и пламен што уништил речиси сè во рамките на дванаесет квадратни километри.
Во првите неколку секунди, загинале помеѓу 70.000 и 80.000 луѓе, а во месеците што следеле, бројот на смртни случаи поради зрачење се зголемил на 140.000. Експлозијата предизвикала облак од прашина и остатоци во форма на печурка висок 15.250 метри, кој се гледал од растојание од 560 км.
На 9 август, во 11:02 часот, атомска бомба беше фрлена врз Нагасаки. Бомбата беше детонирана на висина од 470 метри над земјата и уби 74.000 луѓе. Нагасаки беше нападнат со плутониумска атомска бомба.
По уништувањето на Хирошима и Нагасаки, на 29 август 1949 година, Советскиот Сојуз ја тестираше својата прва атомска бомба во Казахстан и со тоа стана втора нуклеарна сила во светот.
Во нападите врз Хирошима и Нагасаки, загинаа над 200 000 луѓе, а преживеаните со децении се соочуваа со физичката и психолошката траума.












