Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото) Поплави во Валенсија и Аликанте – спасувачите со хеликоптери ги префрлаат луѓето на безбедно

/

Свет

Сподели преку :

Припадници на шпанската Граѓанска гарда се распоредени низ Валенсија и Аликанте, откако обилните дождови предизвикаа поплави од големи размери.

Шпанската метеоролошка агенција предупреди на висок или екстремен ризик од поплави во Аликанте, во југозападна Шпанија.

Шпанските служби за итни случаи денеска со хеликоптери ги префрлија луѓето на безбедно во областите погодени од поплави, Олива и Пего.

Најтешко погодени се областите во Ла Сафор и северниот дел на Марина Алта, поточно помеѓу Пего, Реал де Гандија, Виљалонга и Баркс, каде што во текот на изминатите 48 часа наврнаа повеќе од 500 литри дожд на квадратен метар.

Според податоците од метеоролошките станици на „Авамет“ (Avamet – акроним за Метеоролошко здружение на Валенсија), во областа помеѓу Пего и Форна (во Марина Алта), во текот на последните 36 часа наврнале повеќе од 600 литри дожд на квадратен метар. Притоа, во Форна, до 06:30 часот утрово, биле регистрирани 651,0 литри на квадратен метар.

Б.С.