Околу 1, 3 милијарди евра ќе стигне дефицитот во ПИОМ зако не се преземат соодветни чекори. Ова го покажува анализата на Фискалниоот совет во соработка со Фајнанс Тинк. Алармираат дека ситуацијата во фондот треба да не загрижува и дека се нужни реформи без кој за десетина години дупката во пензискиот фонд од сегашните над 850 милиони евра значително ќе се продлабочи.
Меѓу реформите кои ги презентираа се и зголемување на придонесот за пензиско, но и да се стави крај на сивата економија во која над 90 илјади работници се дел од неа и кој не придонесуваат во Фондот за пензискот. И првиот човек на ПИОМ, Мемов се согласува дека е потребно зголемување на придонесто но тоа да се прави постепено. Потенцира дека за една година дефицитот во ПИОМ се зголемил за над 160 милиони евра













