Српката ВД претседателка Ана Брнабиќ, на социјалната мрежа „Икс“ напиша на Твитер дека се подготвува „хајка за апсење“ на Александар Вучиќ, по најавите за сослушување и можно апсење на Вучиќ во рамките на истрагата за уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Брнабиќ прашува зошто не биле сослушани или осомничени членовите на комисијата за технички преглед кои го контролирале проектот и дале согласност без дополнителни проверки. Според неа, Вучиќ се поврзува со случајот поради информации што ги имал за реализацијата на проектот.
Таа ја спореди истрагата со случајот од 2004 година, кога дел од покривот на терминал на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ се урна и загинаа четири лица. Брнабиќ посочи дека тогашниот француски претседател Жак Ширак не бил главен осомничен.
„Овде целта е да се замолчи и отстрани Александар Вучиќ, а не да се дојде до правда“, напиша Брнабиќ и најави дека СНС ќе се спротивстави на „револуционерниот терор“.
Трагедијата во Нови Сад, во која загинаа 16 лица, предизвика масовни протести низ Србија и барања за утврдување одговорност.












