Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Ратко Младиќ, поранешен командант на војската на босанските Срби и осуденик за геноцид и воени злосторства во војната во БИХ

/

Вести

Сподели преку :

Поранешниот командант на војската на босанските срби и осуденик за воени злосторства од судот во Хаг, Ратко Младиќ, починал на 85 годишна возраст, објавуваат медиумите во Србија.

Генералот на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој во Хаг беше осуден за геноцид и други злосторства, доживеа повеќе мозочни удари, поради што беше во тешка здравствена состојба.

Од 2024 година тој беше сместен во притворската болница во Хаг, каде што беше под палијативна нега.

Судот во Хаг повеќепати го одби барањето да биде пуштен на привремена слобода за лекување во Србија.

Младиќ беше уапсен во мај 2011-тата година во село во близина на Зрењанин, по 16 долги години криење, а судскиот процес против него започна набргу потоа.

Хашкиот трибунал го обвини за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичатите на војувањето за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992-та до 1995-тата година.

Иако тврдеше дека тој само го бранел својот народ и својата земја, Хашкиот трибунал во 2017-тата година го осуди на доживотен затвор заради геноцид и злосторства против човештвото.

Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија го прогласи за виновен и за прогон, истребување, убиства, депортација, присилно преместување, тероризирање, незаконски напади врз цивили и земање заложници.