Помина третина од прогласената кризна состојба , денеска на 11 ден во борбата против ковид се вклучија и лекари и сестри од армијата. 20 сестри и 12 лекари од воено – медицискинскиот центар се распределени на Интерно. Ќе работам во тријажниот центар. Тоа значи дека ги прегледуваат ковид болните кои треба да се примат на некоја од интерните клиники. Претходно, пет возила на армијата беа даде располагање на здравство. А војниците , и помааат на полцијата за обезбедување болниците каде што се лекуваат болни од корона.
Од здравство денеска со соопштение со соопштение дека имам како што велат благ пад на бројот на заболени , а и дека се очекува повеќе луѓе да се испишуваат од болниците отколку што се хоспитализирани . Сепак, само во последното деноноќие има 38 примени на нови, а двојно помалку 18 пациенти биле пуштени дома. Останати се само 40 слободни кревети.
На клиниките во Скопје се лекуваат вкупно 480 ковид-пациенти. Најмногу пациенти има на Инфективната 153, а во Градската општа болница „8 Септември“ се хоспитализирани 106 пациенти. Во Детската болница во Козле има 35 пациенти, од кои 9 деца и 24 возрасни.
Останатите пациенти се хоспитализирани на: Кожната клиника – 24, Клиниката за неврологија – 35, Институт за ТБЦ – 44, Клиниката за Гастроентерохепатологија – 26, лица, Клиниката за нефрологија – 24, Клиниката за очни болести – 14 и на Клиниката за уво, нос и грло – 19 пациенти.
Инаку денеска , како и вчера екипата на Телма беше спречена да сними каква е ситуацијата на терен пред ковид – центрите. Вакви поплаки имаше и од други медиуми и новинарски екепи кои рагирале до ЗНМ и новинарскиот синдикат. Од таму велат дека за сензитивноста на темите за кои има особен јавен интерес, потребно е да се обезбедат услови каде новинарите ќе имаат можност непречено да известуваат.
Бараме од Министерството да ја повлече одлуката за снимање пред тријажниот центар и околу болницата „8 Септември” само со дозвола од директорот на болницата или Министерството, бидејќи со тоа директно се оневозможува работата на новинарите и фоторепортерите кои известуваат за состојбата со ковид кризата и состојбата во болниците.
Македонија веќе 9ти месец живее во корона пандемија, со корона се заразија повеќе од 60.000 луѓе, а во моментов има 21.000 активниу случаи .
Теодороа Цветковска












