Пад на владата, мандат за Мицкоски и формирање ново стабилно владино мнозинство се очекувањата на засега опозициските Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците Миле Лефков и Халил Снопче во вечерашната Топ Тема изразија уверување дека падот на владата е неминовен.
Пратеничката Снежана Калеска Ванчева од СДСМ очекува на крајот сепак да победат, како што таа кажа, “силите на прогресот” , олицетворени во актуелната владата на државата.












