Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трајковски лице в лице со деветкратниот олимписки шампион Карл Луис

/

Останато

Сподели преку :

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски го угости легендарниот Карл Луис во својот подкаст „Светот на скокачите плус“.

Американецот е една од најголемите легенди во историјата на атлетиката, а во периодот од 1979 до 1996 година доминираше во скокот во далечина и во спринтерските дисциплини.

Луис во својата кариера освои девет златни олимписки медали и едно сребро, а посебно место во историјата имаат неговите четири последователни олимписки титули во скок во далечина, освоени во 1984, 1988, 1992 и 1996 година. На Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година освои четири златни медали – на 100 и 200 метри, во скок во далечина и во штафетата 4×100 метри.

Во двочасовното интервју, Трајковски разговара со Луис на бројни теми поврзани со атлетиката, неговата богата кариера, големите натпреварувања и развојот на спортот.

Премиерата на епизодата ќе биде Јутуб каналот на подкастот на 14-ти септември во 18 часот.