Крушево од 21 до 23 август ќе биде домаќин на јубилејното 10. издание на ФИС Ролер ски натпреварот „Тоше Проески“, на кој ќе настапат натпреварувачи од Македонија и странство.
Главните трки ќе се одржат на 22 и 23 август, во машка и женска конкуренција, а на програмата се и натпревари за младите категории од У8 до У14.
Македонските нордиски скијачи веќе се подготвуваат во Крушево, а меѓу главните домашни адути ќе биде олимпиецот Ставре Јада. Внимание ќе привлече и младиот јуниор Стефан Ѓорѓевиќ, од кого се очекува добар настап.
Јубилејното издание е уште една потврда за континуитетот на ролер-скијањето и нордиското скијање во Македонија и за традицијата на Крушево како домаќин на меѓународни натпревари.












