Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крај на една ера: Марк Маркез се повлекува од Мото ГП

/

Останато

Сподели преку :

Осумкратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез, денеска објави дека Големата награда на Валенсија, претстојниот викенд, ќе биде последна трка во неговата професионална кариера. Шпанецот ја соопшти одлуката неколку дена откако ја освои титулата во Португалија и го израмни рекордот на Џакомо Агостини со осум шампионски трофеи во најсилната класа.

Маркез од 2013 до 2023 година настапуваше за фабричкиот тим на Хонда, со кој освои шест титули во Мото ГП. Последните две шампионски круни, во 2025 и 2026 година, ги освои со Дукати. Вкупно има десет светски титули: една во класата до 125 кубни сантиметри, една во Мото2 и осум во Мото ГП

Во најсилната класа Маркез забележа 80 победи и 134 подиуми. Кариерата му беше одбележана и со сериозни повреди, поради кои пропушти повеќе трки. Ќе остане запаметен како еден од најуспешните возачи во историјата на Мото ГП.