Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јончевски: Заслужена победа, остануваме во трка за пласман на ЕП

/

Кошарка

Сподели преку :

Кошаркарската репрезентација на Македонија триумфираше на гостувањето против Полска со 96:71 и останува во трката за евентуален пласман во завршницата на Европското првенство.

“Двете екипи влегоа со голем респект, особено по поразите во стартното коло. Знаевме дека играме против еден голем, против еден одличен тим како што е Полска. Можеби ризикувавме со шутот од далечина, како на пример со Балцеровски, но тоа беше дел од нашите тактички замисли кои донесоа резултат. Честитки до сите мои играчи без оглед на тоа дали некој играше една или 39 минути. Двата тима имаат големи индивидуалци, но решава тоа кој е подобар во моментумот кој со себе го носи мечот. Сите инволвирани во ова, од моите асистенти, до медицинскиот персонал се заслужни за ова. Драго ми е што сеуште имаме шанси за пласман на Евробаскетот. И ќе продолжиме да ги бараме своите шанси за тоа, да бидеме во тоа друштво. Ова е апсолутно заслужено”, изјави селекторот Александар Јончевски.

ФОТО: Игор Паневски

Голем триумф на кошаркарите на гостувањето во Полска

Македонската машка кошаркарска репрезентација на гостувањето во Полска триумфираше со 96:71. Избраниците на селекторот Александар Јончевски одиграа во голем стил во текот на сите 40 минути и на крајот сосема заслужено забележаа убедлива победа во мечот против еден од домаќините на претстојното Европско првенство. Нашите кошаркари доминираа на теренот и во ниту еден момент не… Продолжи со читање

telma.com.mk