Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем триумф на кошаркарите на гостувањето во Полска

/

Кошарка

Сподели преку :

Македонската машка кошаркарска репрезентација на гостувањето во Полска триумфираше со 96:71.

Избраниците на селекторот Александар Јончевски одиграа во голем стил во текот на сите 40 минути и на крајот сосема заслужено забележаа убедлива победа во мечот против еден од домаќините на претстојното Европско првенство.

Нашите кошаркари доминираа на теренот и во ниту еден момент не му дадоа шанса на противникот да се врати во игра и да се избори за резултатски приклучок.

Во нашиот тим блескаше Ненад Димитријевиќ кој мечот во заврши со 32 поени осум скока и исто толку асистенции, Итан Хап додаде 19 поени и седум освоени топки под обрачите додека Стојан Ѓуроски беше стрелец на 17 поени.

На спротивната страна прв стрелец со 20 поени беше Михал Михалак, а Михал Соколовски впиша 20 поени и шест скока.

Во вториот дуел Естонија ја совлада Литванија со 65:59.

ФОТО: Игор Паневски

Јончевски: Заслужена победа, остануваме во трка за пласман на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија триумфираше на гостувањето против Полска со 96:71 и останува во трката за евентуален пласман во завршницата на Европското првенство. "Двете екипи влегоа со голем респект, особено по поразите во стартното коло. Знаевме дека играме против еден голем, против еден одличен тим како што е Полска. Можеби ризикувавме со шутот од далечина,… Продолжи со читање

telma.com.mk