По победата од 30:25 во дуелот против Полска, македонската кадетска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Б Европското првенство за играчи до 19 години што се игра во Скопје.
Во составот предводен од селекторот Кире Лазаров најефикасен со седум гола беше Митев додека Атанасијевиќ и Петковски по четири пати се запишаа во листата на стрелците. Голманите Галевски и Ерманоски имаа по четири интервенции.
ФОТО: Игор Паневски























