Во последниот настап за овој дел од сезоната на домашен терен фудбалерите на Вардар освоија бод во дуелот против Македонија ЃП, кој заврши без победник 2:2 . “Црвено-црните” и покрај предноста од 2:0 на крајот не успеаа да забележат победа.
Вардар со головите на Мирчевски и Цветановски по 52 минути имаше предност од два гола, во периодот од 57-та до 63. минута со погодоците на Басит и Божиновски гостите од Ѓорче Петров успееа да стигнат до бод.
ФОТО: Игор Паневски























