Фудбалерите на Македонија ЃП успеаа да го совладаат Пелистер со 2:1 и да се задржат во врвот на табелата во домашниот шампионат. Триумфот на домашниот тим им го донесе Калид Абдул Басит кој на два пати успеа да го совлада противничкиот голман, а вториот погодок напаѓачот на Македонија ЃП го постигна пет минути пред крајот на натпреварот.
ФОТО: Игор Паневски























