Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зутер конечно се закити со злато на првенствата

/

Спорт

Сподели преку :

По освојувањето на сребрениот медал во супервелеслалом, Швајцарката Корин Зутер го освои златото во спуст на Светското првенство што се одржува во Кортина Д’Ампецо.

Зутер на целта пристигна со време од 1 минута 34 секунди и 27 стотинки и стигна до третиот трофеј на Мундијалите откако на последниот шампионат во Аре се закити со среброто во спуст и бронзата во супервелеслалом.

Сензационална освојувачка на сребрениот трофеј е Германката, Кира Видле која зад победничката заостана 20 стоти дела додека со бронзата се закити Лара Гут Бехрами, која беше најбрза на супервелеслаломот пред два дена. За Гут Бехрами ова е вкупно седми трофеј на првенствата, а трет во спуст откако во 2015 во Вејл беше трета, а пред 12 години во Вал Д’Изер беше втора.

По триумфот на Зутер се прекина словенечката доминација во оваа дисциплина. На последните два шампионати прва беше Илка Штухец, а во 2015-тата триумфираше Тина Мазе.

Утре на програмата е трката во спуст во машка конкуренција, а стартот е закажан за 11 часот.