Милосим Војнески кој се пријави како независен кандидат за градоначалничките избори во Македонски Брод се повлече од вториот круг каде влезе заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Жарко Ристоски. Војнески во првиот круг освои 705 гласови и беше втор со само три гласа повеќе од Ивица Стојкоски од СДСМ. Денеска соопшти ...
Гласањето во Охрид и Струга се одвива мирно, без никакви нерегуларности, и за разлика од првиот круг, овој пат уредите за отчитување отисок од прст функционираат далеку подобро, јавува нашиот репортер Огнен Чанчаревиќ.
...Без поголеми проблеми се одвива и гласањето во Гостивар. Нашата репортерка Данијела Билбилоска јавува дека биле забележани некои помали технички проблеми, кои биле брзо надминати.
...Во Гевгелија изборниот ден тече мирно, а излезноста е повисока од првиот круг на локалните избори. Освен во Гевгелија, во Југоистокот се гласа уште во четири општини. Гласањето во југоисточниот регион го следи Сузана Мицева.
...Во Битола денеска продолжува изборниот процес за градоначалник во рамки на вториот круг од локалните избори. Излезноста до 15 часот била 41,68 проценти. Нашиот репортер Емилија Мисирлиевска јавува дека гласањето се одвива без никакви проблеми.
...Во 15 часот излезноста била помасовна отколку во првиот круг покажуваат бројките на избпрната комисија. Битола 42,24% излезност, биле 35,94% во првиот круг или 6,30% повеќе има излезност сега. Охрид 41,01% денес до 17 часот, пред две недели гласале 35,94% или 5,07% повеќе сега. Кочани 38,55%, а во првиот круг ...
Нашиот репортер Павле Беловски јавува дека на гласачките места забележителен високиот одзив во Кичево. И покрај двата мали инциденти утринава, гласањето не е прекинато и се очекува да заврши во 19 часот.
...Тековно се спроведува гласањето во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ. Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93.986 избирачи кои гласаат на 167 места. Според податоците на ДИК од досега обработените над 92 проценти до петнаесет часот, излезноста била 29,60 проценти. Во општината Старо Нагоричане, право ...
Излезност во скопските општини е повисока од првиот круг, освен во Сарај. Пресекот во 15 часот покажува дека сега има повисока излезност во Чаир каде има и втор круг за општински градоначалник отколку во Бутел каде се гласа само за град Скопје. Овие две општини Сарај и Бутел се единствените ...