Откако Стопанската комора побара ревидирање на бројот на неработни денови во годината и верските празници, за ова ќе се дискутира и во Економско-социјалниот совет, бидејќи на барање на дел од членовите е поставено како точка во годишниот план за работа.
Бизнис-секторот е на став дека со верските празници некогаш има проблеми во производствениот процес, а Стопанската комора нема да отстапи. Дополнително ќе го дискутира предлогот и ќе го испрати во министерството за економија.
Од синдикатот тврдат дека проблемот не е во бројот на неработни денови, туку во законот кој предвидува работодавачите да исплатат две и пол дневници на работникот, доколку го ангажира во недела, државен празник и во неработен ден.
На оваа тема вечерва во „Топ тема“ дебатираа Анета Димовска од Стопанската Комора, Ангел Димитров од Организација на работодавачи и Слободан Трендафилов од ССМ.











