Македонските државјани во последните пет години купиле недвижности во Грција во вкупна вредност од 68 милиони евра. Но, најавите за можни измени во даночната политика отвораат нови прашања за сите што планираат да инвестираат во имот кај јужниот сосед.
Според најавите, данокот за пренос на недвижности за купувачи од земји надвор од Европската Унија би можел да се зголеми од сегашните 3 на дури 15 проценти. Дополнително, агенциите за недвижности предупредуваат на ризиците при купувањето, меѓу кои се бавните административни проверки и недоволната транспарентност на системот.
Кои се најголемите замки при купување имот во Грција, на што треба да внимаваат македонските купувачи и какви последици би имале најавените даночни промени?
Овие прашања се тема на вечерашното издание на „Бизнис Објектив“, кое започнува во 20:15 часот.












