90-минутен документарец на Оливер Стоун и Роб Вилсон, со фокус на патот на Луиз Инасио „Лула“ да Силва од падот и затворот до повторното освојување на претседателската функција во 2022 година.
Интимен портрет на Луиз Инасио „Лула“ да Силва, еден од најпознатите политички лидери на современ Бразил. Документарецот го следи неговиот неверојатен политички пат – од подемот и претседателските мандати, преку падот и 19 месеци поминати во затвор, до драматичното враќање на претседателската функција во 2022 година.
Со ексклузивен пристап до Лула и неговите најблиски соработници, Оливер Стоун и Роб Вилсон се навраќаат на клучните настани што ја обележаа неговата кариера, вклучувајќи ја и аферата „Операција автомиење“ и судските процеси што имаа огромно влијание врз политичката сцена во Бразил. Филмот отвора прашања за политичката моќ, судството и демократијата, преку приказната за еден од најнеобичните политички пресврти во последните децении.












