Зад легендарната Ајфелова кула се крие приказната за неверојатниот предизвик да се изгради кула висока илјада стапки – проект што далеку ја надминал рамката на обичен конкурс за дизајн и означил пресвртница во историјата на инженерството. Тоа бил почеток на радикална трансформација, во која железото се соочило со каменот, инженерството со архитектурата, а модерниот дизајн со вековните традиции.
Медиумски кампањи, лобирање, јавни конференции, омаловажување на конкурентските проекти и повикување на звучни имиња – сите учесници воделе жестока и бескомпромисна битка. Со помош на 3Д-реконструкции, официјални извори (извештаи, писма, цртежи…) и досега необјавени лични архиви добиени од потомците на главните актери, овој документарен филм на свеж и визуелно впечатлив начин ја оживува трката кон височините, по повод стогодишнината од смртта на Ајфел.













