Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ленарчич: Европа е под реална закана од прекин на струја

/

Свет

Сподели преку :

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчич смета дека Европа е под реална закана од прекин на струја.

„Можно е да биде потребна помош и во рамките на Европската Унија“, рече еврокомесарот на прашањето дали постои реална опасност да има голем прекин на електричната енергија во Европа.

Ленарчиќ изјави дека ЕУ работи на две сценарија.

Ако само одреден број на земји-членки се погодени од проблемот, како што е прекин на струја, другите земји на ЕУ би можеле да испорачаат генератори за електрична енергија преку Европската комисија (ЕК), како што е во случај на природна катастрофа, објасни тој.

„Но, доколку истовремено би биле погодени поголем број земји, така што не е можна взаемна помош, тогаш Комисијата ќе ги покрива потребите од стратешките резерви“, рече еврокомесарот.

Ленарчиќ истакна дека ЕК во своите стратешки резерви има противпожарни авиони, генератори на струја, пумпи за вода и лекови.