Ураганот Иан се придвижи на север кон Флорида.
Националниот центар за урагани информираше дека тој достигнал трета категорија и е со ветрови кои достигнуваат брзина и до 200 километри на час.
Очекувањата се дека во наредните неколку часа ќе добие монструозна сила и ќе премине во ураган од четврта категорија.
Се очекува налетот на Флорида да се случи вечер со ветер кој ќе достигнува брзина и над 210 километри на час и со обилни врнежи од над 60 сантиметри на метар квадратен.
Во сојузната држава е прогласена вонредна состојба а населението се подготвува да се соочи со оваа природна непогода.
Приливот од бурата може да предизвика уништување или катастрофални разурнувања, а во некои реони можно е да не биде возможно да се престојува со недели па дури и со месеци.
Последниот голем ураган на Флорида бил во 1921 година, кога ветер со брзина од 190 км/ч убил осум лица.
Сурфери во Флорида им се радуваат на големите бранови предизвикани од ураганот Иан.
И додека во земјата е прогласена вонредна состојба, а населението од регионите каде се очекува најсилен удар се евакуираат, група сурфери им се радува на големите бранови предизвикани од силниот ветер.Велат ваквата шанса не се пропушта.












