Вести Свет

Болниците во Црна Гора полни со болни од корона вирус

Во општата болница во Никшиќ, која е центар за Ковид-19 во северозападниот дел на Црна Гора, сите капацитети се исполнети. Во Црна Гора, бројот на лица заразени со коронавирус драстично расте секој ден, така што во вторникот беа регистрирани уште 161 случај, а две лица починаа.

Отворена е нова зона во болницата за белодробни заболувања во Брезовик кај Никшиќ, каде продолжил приемот на заразени со вирусот.

Д-р Душанка Милатовиќ за медиумите изјави дека испратиле 16 пациенти со лесна до умерена клиничка слика во болницата во Брезовик.

Општата болница Никшиќ е респираторен центар со 80 легла за северозападниот дел на Црна Гора.

Роднини на пациентите заразени со Ковид-19синоќа се собраа пред болницата во Никшиќ, каде чекаат да бидат хоспитализирани. Дел од нив чекаат на хоспитализација од утрото. Тања Јовановиќ, ќерка на еден од пациентите, за медиумите изјави дека нејзиниот татко од утрово чекал прием во болницата.

Таа изјави дека на нејзиниот татко му било кажано дека станува збор за потежок случај, дека не може да биде испратен во Брезовик и дека чекаат место во одделот во Никшиќ.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција на Ковид-19 од почетокот на јуни е 114, а од почетокот на годината 123. Вкупниот број на активни случаи на коронавирус во Црна Гора во моментов е 2.246 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе