Вести Македонија

Продолжува изградбата на штипската болница

Грчки Интеркат се спаси од стечај, откако подизведувачот штипски „Бетон“ се откажа од каматите и се согласи долгот од два милиони евра да го плати на рати, а направен за изградбата на штипската Клиничка болница. Судскиот процес меѓу овие две фирми трае веќе три години, а штипски Бетон оваа болница ја градеше до 2018 година.

Во неколку наврати од Министерството за здравство и од грчки Интеркат посочуваа дека изградбата на овој регионален клинички центар зависи од судскиот спор. Во медијацијата меѓу двата поранешни партнери учествуваше и штипскиот градоначалник.

Поради бавното темпо на изградба државата остана без 14 милиони евра, откако Банката за развој на Советот на Европа се повлече од кредитирање на овој објект. Телма минатата недела доби одговори и од Министерството за здравство дека државата сама ќе ја финансира изградбата на болницата во Штип. Со ребалнасот на буџетот за оваа година има планирано два милиони евра, а објектот е изграден околу 40 отсто. Првата фаза која требаше да биде готова пред три години, сега е продолжена до декември годинава. Штипјани и жителите на Брегалничкиот регион се изначекаа на овој стратешки објект, а во меѓувреме се лекуваат во старата болница која е од пред речиси еден век.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе