Германската Влада ќе стане мнозински акционер во најголемиот германски увозник на гас Унипер со 98,5 отсто, во обид да се справи со енергетската криза предизвикана од одлуката на Русија да ги прекине сите испораки преку својот гасовод Северен тек 1 што пак предизвика сериозни финансиски проблеми за германскиот увозник.
Ситуацијата дополнително се комплицира и поради дилгорочните договори со некои од клиентите што ја примора компанијата да обезбеди гориво од отворениот пазар за што пак потроши многу повеќе од планираниот буџет.
Унипер претходно доби и поддршка од германската држава, но ситуацијата сега се влоши до тој степен што беше неопходен владин пакет за спас за да се осигура дека компанијата ќе може да опстане.
