Вести Свет

Бајден: Пандемијата на Ковид е завршена

Џо Бајден, Американскиот претседател  изјави дека пандемијата на Ковид-19 е завршена, во интервју за Си-Би-Ес што беше емитувано синоќа.

– Пандемијата заврши, но сè уште имаме проблем со Ковид, рече Бајден во интервјуто снимено во четвртокот.

Тој истакна дека ако се погледна ќе се види дека никој не носи маски и дека сите се во добра форма.Тоа што работите се менуваат во добра насока и тоа  е совршен пример.

Според податоците на американскиот универзитет Џон Хопкинс, во светот се регистрирани речиси 612 милиони случаи на Ковид 19, а починале повеќе од 6,5 милиони луѓе.

Во САД имаше повеќе од 95 милиони случаи на Ковид-19, а повеќе од еден милион луѓе починаа.

На крајот на август, со вирусот беше заразена и сопругата на Бајден, Џил.

Просечно 390 луѓе сè уште умираат во САД секој ден од компликации откако биле позитивно тестирани за коронавирусот.

САД неодамна одобри две нови вакцини приспособени на доминантната варијанта на вирусот – омикрон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Десет повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе