Руската инвазија на Украина и прекинот во снабдувањето со храна втурнаа во глад дополнително уште 70 милиони луѓе.
Обединетите нации сега бројат 345 милиони луѓе на кои им се заканува ваква состојва ширум 45 земји во светот.
Руската инвазија го наруши извозот на жито од Украина и извозот на ѓубрива од Русија. Дополнително, внатрешните конфликти во голем број земји ги доведуваат луѓето до гладување, а таков е случајот во Етиопија, Североисточна Нигерија, Јужен Судан, Јемен и Сомалија, велат од Светската програма за храна при ОН.
