Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Средба Ковачевски-Мицотакис за енергетската криза

/

Македонија

Сподели преку :

-Констатиравме дека моменталниот раст на цените на енергенсите, прави сериозни нарушувања на европските пазари, соопшти преку својот ФБ профил, претседателот на владата Димитар Ковачевски кој се сретна со грчкиот домаќин премиерот Мицотакис.

-Со премиерот Мицотакис ја потврдивме важноста од регионалната соработка за справување со последиците од енергетската криза. Во таа насока, со заедничките стратешки проекти и диверзификација на изворите на снабдување обезбедуваме долгорочна енергетска независност, истакна Ковачевски.

Владина делегација е во еднодневна посета на Атина, Грција каде ќе одржат повеќе средби со грчките владини претставници на тема енергетска соработка во пресрет на зимата.

Jumbo 2