Вести Свет

Ердоган повторно со закани за Грција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска повторно и се закани на Грција со воен одговор „доколку продолжат провокациите“, како што беше неодамна случај кога турските воени авиони биле цел на противвоздушно оружје додека летаа над спорните острови во Егејското Море.

Ако имаат острови и воени бази и одредени претензии кои се нелегални и се закани за нас, еден ден ќе го изгубиме трпението. Кога ќе го изгубиме, сè може да се случи, одговори Ердоган на прес-конференција во Сараево на прашањето за најновиот спор со Грција.

Системите за противвоздушна одбрана С-300, кои ги користи Грција, во моментот на прелетувањето биле насочени кон турски авиони за време на рутински лет над островите во Егејското Море.

„Вознемирувањето на нашите авиони со радари не е бениген чекор“, додаде тој.

Сојузниците во НАТО Грција и Турција во повеќе наврати се најдоа на работ на војна поради територијални спорови. Новите тензии започнаа на 23 август, кога, според турското Министерство за одбрана, Грција распоредила системи за противвоздушна одбрана С-300 од руско производство за да таргетираат турски авиони Ф-16 за време на вежбата на НАТО, што Атина го негира.

Ердоган во саботата изјави дека Грција и се заканува на Турција со системите за противвоздушна одбрана С-300 и дека ќе плати „висока цена“ доколку „продолжи така“, драматично ескалирајќи ја ситуацијата.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека Анкара очекува објективност од НАТО во однос на грчката употреба на С-300 во потера по турски авиони. Според него, Грција го игнорира меѓународното право, добрососедските односи и пријателството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави можно поевтинување на горивата следната недела

Kristina Kuzmanovski

Водата за пиење повод за меѓупартиски обвинувања

Kristina Kuzmanovski

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе