Маверик Вињалес по втор пат сезонава ќе стартува од пол позиција во најсилната МОТО ГП класа.Шпанецот на Јамаха се избори воедно и за 11-тиот пол во кариерата со најзбрз круг на патеката Марко Симончели во Мисано каде утре ќе се одржи шестата трка од првенството, под наслов Голема Награда на Сан Марино.Вињалес во последниот круг од квалификациите го подобри резултатот на Франко Морбидели од Петронас Јамаха за три десетинки,а неговиот клупски колега, Фабио Квартараро кој е лидер во генералниот пласман, оствари трет резултат.Успешниот ден на Јамаха го комплетираше Валентино Роси.Деветкратниот светски првак заврши на 4.место а до него на стартот утре ќе бидат пилотите на Дукати,Џек Милер и Франческо Бањаја.Во пресрет на трката,Квартараро има 70 бодови,три повеќе од Андреа Довициозо кој заврши на 9.место во квалификациите.
Вињалес на пол позиција за ГН на Сан Марино
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
