Вести Свет Топ вести

Тајван спроведува артилериски вежби

Тајван денеска почна со спроведување на претходно најавените артилериски вежби во услови на тековни воени вежби на Кина во близина на островот, јави ДПА. Артилериските вежби беа најавени на крајот на јули, а целта им е да симулираат одбрана од евентуален напад на кинеските вооружени сили.

Вежбите на Тајван, кои се дел од годишните вежби на Тајван, ќе продолжат денеска, утре и задутре. Нивното одржување е придружено со зголемени тензии во регионот, при што Кина соопшти дека ќе продолжи со вежбите што ги спроведува на север, југозапад и исток од Тајван. Кинеските вооружени сили првично најавија дека нивните вежби ќе завршат во недела. Датумот на кој ќе завршат засега не е објавен.

Министерството за надворешни работи на Тајван ја критикуваше одлуката на Кина да ги продолжи своите воени вежби во близина на Тајван.

-Кина ги користи своите воени вежби во близина на Тајван за да се подготви за инвазија на островот, изјави денеска тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву. Според тајванскиот министер, Пекинг има за цел да го промени статус квото во азиско-пацифичкиот регион.

-Кина ги користи своите вежби и воената патоказ за да се подготви за инвазијата врз Тајван… Вистинската цел на Кина е да го промени статусот кво во Тајванскиот теснец и во целиот регион, рече Џозеф Ву на прес-конференција во Тајпеј.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе