Свет

Изгоре голем дел од бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос

Во пожар што изби во текот на ноќта во Мориа, најголемиот бегалски камп во Грција, на островот Лезбос, според првичните информации, изгоре голем дел од центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти и околните шатори во кој се сместени 12.580 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Веројатно е дека станува збор за подметнат пожар, односно по реакциите од лицата кои вчера беше потврдено дека се позитивни на коронаврусот или од нивните контакти, кои, според локалните медиуми, одбиле да бидат изолирани, по што следеле и инциденти.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, утрово свика вонреден состанок со надлежните министри за ситуацијата на островот.

Она што предизвикува загриженост во Грција е што ќе се случи со бегалците и мигрантите кои сега се на улица, а меѓу нив 35 се позитивни на коронавирусот.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, говорејќи за „ЕРТ“, рече дека островот помина тешка ноќ, а реакциите во кампот биле по информациите за заразени со Ковид-19.

-Го  разгледуваме и начинот и причините што доведоа до подметнувањето на пожарот. На островот итно ќе биде прогласена вонредна состојба и секако ќе се забрани напуштање на островот за оние кои престојуваа во центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти, за да се спречи веројатноста да се прошири коронавирусот меѓу локалното население, рече Пецас.

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека за имало повеќе различни жаришта, како во околината на кампот, така и во внатрешноста, а интервенираат 25 пожарникари со десет возила и со помош на полицијата, бидејќи во текот на гаснењето, противпожарните служби биле спречени во извршувањето на нивната задача.

Според локалните медиуми, по пожарот, кој не е целосно ставен под контрола, голем дел од бегалците и мигрантите, од бегалскиот камп се упатиле кон околните населени места.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе