Вести Свет

Естонија ги отстранува сите споменици од советската ера

Сите преостанати споменици во Естонија кои датираат од советската ера наскоро ќе бидат демонтирани или преместени, изјави Каја Калас, премиерката на малата балтичка земја што граничи со Русија.

Главната работа е решена – советските споменици мора да се отстранат од јавниот простор, а ние ќе го направиме тоа што е можно поскоро, рече Калас, пренесува ДПА.

Кога и по кој редослед ќе бидат отстранети поединечните споменици зависи од волјата и логистичкото планирање на дел од градовите и општините, додаде таа. Според Калас, во Естонија се уште има меѓу 200 и 400 споменици од советската ера.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе