Вести Свет Топ вести

(ВИДЕО) Одеса повторно цел на руски ракетен напад

Украинското јужно пристаниште Одеса рано утринава повторно беше цел на руски ракетни напади што пак дополнително фрла сенка на договорот кој што Украина и Русија минатата недела го постигнаа со посредство на Турција во Истанбул и со кој се предвидува непречен извоз на житарици преку Црното Море.

Според информациите на гувернерот на регионалната воена администрација на Одеса, Серхи Братчук, нападот бил извршен од воздух и притоа се активирале противвоздушните системи кои успеале да соборат неколку проектили.

Цел на масовни руски ракетни напади денеска е и пристаништето Миколаев, соопштија украинските власти.

OН претходно денеска најавија дека извозот на жито од Украина треба да почне во наредните денови и во исто време го осудија руското гранатирање на црноморското пристаниште по договорот за обновување на извозот на жито.

На овој напад му претходеше ракетирање и во саботата кога јужното пристаниште беше нападната со крстосувачки ракети. Украинскиот претседател Володимир Зеленски нападот го нарече „варварски“ и доказ дека на Русија не може да ѝ се верува дека ќе го почитува договорот.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен пак оцени дека нападот врз украинското пристаниште „фрла сериозен сомнеж врз кредибилитетот на руската посветеност на договорот и ја поткопува работата на ОН, Турција и Украина да ја донесат критичната храна на светските пазари“.

На ова рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој е на турнеа во Египет, одговори дека Русија ќе ги исполни сите договори за извоз на жито и тврди дека нападите на Одеса нема да влијаат на процесот бидејќи како што посочи мета на руските сили се воени објекти и капацитети.

Ракетниот напад врз Одеса од саботата силно се рефлектираше и на берзантските тргувања со жито каде беше забележан голем скок во цената. На пазарот во Чикаго, цените на пченицата се зголемија на 7,85 долари за бушел (околу 288 долари/т), а истиот тренд се очекува да го следи и европската пченица.

Одеса е едно од украинските пристаништа од каде треба да се извезува житото, а е блокирано од почетокот на војната.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе