Вести Свет

Протестите во Сараево продолжуваат

 Стотина демонстранти повторно се собраа денеска пред седиштето на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) во Сараево, обидувајќи се да го продолжат притисокот со цел да се спречат измените на изборниот закон на БиХ.

Откако илјадници луѓе дојдоа пред ОХР вчера и побараа високиот претставник Кристијан Шмит да престане да наметнува одлука за измените на изборниот закон, некои од демонстрантите решија да продолжат со неа еден ден подоцна, а неколку од најупорните изминатата ноќ ја помина пред ОХР.

„Нема да прифатиме неправда“, „Ние не сме племиња, туку граѓани“ – ова се дел од транспарентите што ги носат денеска насобраните.

Дерво Сједиќ, еден од организаторите на протестите и подносителот на тужбата против Босна и Херцеговина за дискриминација пред Европскиот суд за човекови права, денеска најави дека протестите ќе продолжат додека Шмит не објави дека се откажува од наметнувањето реформи кои, според демонстрантите, ќе ги продлабочат етничките поделби.

Сејдиќ рече дека е неприфатливо да се воведе цензус што ќе оневозможи членови на една нација да бидат делегирани во Домот на народите на Федерацијата на Босна и Херцеговина од оние окрузи каде што има помалку од три отсто од нив, додека во во исто време никој не ги зема предвид правата на припадниците на националните малцинства.

Опозициските партии предводени од СДП повикаа на протести вчера во Сараево, а се приклучи и владејачката Партија за демократска акција (СДА).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе