На пазарот на пари денес едно евро вреди еден долар, што е најслаба вредност на европската валута во изминатите 20 години, а тоа е одраз на внимателноста на светскиот пазар на капитал, кога станува збор за состојбата во еврозоната, затоа што Европа е многу потешко погодена со тешкотиите при снабдување енергија од САД, објави германската медиумска куќа Дојче веле.
Вредноста на еврото опаѓа веќе со седмици, не само во однос на американскиот долар, туку и на кинескиот јуан и на други валути.
Но, како што наведува Дојче веле, не се случува ништо драматично, бидејќи нема сериозни потешкотии во европската економија.
