Вести Ковид19 Свет

Над сто починати од ковид во Франција за 24 часа

Епидемијата на Ковид-19 се враќа во Франција веќе неколку недели, така што денеска се регистрирани 108 смртни случаи од вирусот, според најновите податоци на Јавното здравство во Франција.

Во моментов се хоспитализирани 18.605 пациенти, од кои 176 се во критична состојба. Бројот на откриени нови случаи ќе биде соопштен подоцна во вечерните часови, јави дописникот на МИА од Париз.

Ова е во моментот кога Европската унија препорача втора засилена вакцина против Ковид-19 на сите лица постари од 60 години, наместо 80 години досега, соочени со огромниот летен „бран“ што во Европа. Препораката важи и за сите ранливи лица, велат од Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Европската агенција за лекови (ЕМА) во заедничкото соопштение.

„Ги повикуваме земјите-членки веднаш да понудат втори засилувачи на сите постари од 60 години и ранливите луѓе, и ги повикуваме сите подобни луѓе да се пријават за вакцинација“, изјави Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес.

Во април, двете здравствени агенции на ЕУ веќе го препорачаа овој втор засилувач – во повеќето случаи четврта доза – за постарите од 80 години, но сигнализираа дека може да следи проширување за лица над 60 години.

„Европа се соочува со зголемување на случаите со Ковид, но и со нагорен тренд на бројот на хоспитализации или итни приеми во неколку земји, главно поради подваријантата БA.5 на Омикрон, која е позаразна“, истакна директорот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Андреа Амон.

Претседателот на Научниот совет Жан-Франсоа Делфраиси, кој предвидува врв на седмиот бран за идната недела, рече дека здравствениот систем на Франција „ќе издржи“ ова лето против варијантата БА.5.

Тој потсети дека подваријантата Омикрон, БА.5, е „многу пренослива“, но „не е потешка“. Според него, „моментално сме на околу 1.100 или 1.200 класични хоспитализации дневно“.

„Во март стигнавме до 1.800, а во јануари околу 2.800, 3.000 па ќе стигнеме до 1.800, можеби и малку да ги надминеме. Имаме болнички систем кој е уморен, ќе имаме многу движења на населението, вирусот ќе продолжи да циркулира, а понудата за нега ќе биде слаба затоа што ќе има одмори за болничкиот персоналот“, рече Франсоа Делфраиси.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе