Вести Свет Топ вести

Шаленберг: Имам чувство дека го губиме Балканот

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг се надева дека на самитот на Европската Унија ќе има јасно упатен сигнал не само во правец кон истокот, туку и кон југоистокот на Европа.

Според Шаленберг, Украина не е во конкуренција со државите од Западен Балкан. Се работи за веродостојноста на ЕУ, смета Шаленберг, во постигнувањето напредок и за државите од југоисточна Европа, што добија ветување од Унијата во Солун, пред 19 години.

Тој зборуваше и за давањето статус на кандидат на Босна и Херцеговина и на Косово.

Имам чувство дека го губиме Балканот, појасни министерот.

Шаленберг истака дека во Србија расположението кон ЕУ е понегативно од претходно.

Тоа не е дворот во задниот дел на Европа, туку во центарот. Затоа мора да дејствуваме. Тоа е нашата најважна стратешка задача што е пред нас, предупреди министерот.

Со учество на земјите од Балканот на советите на ЕУ и во фондовите, тој смета оти може јасно да се покаже дека тие се пред влез во Унијата.

Не разбирам зошто Кина купува автопати во регионот, а ние тоа го набљудуваме. Понекогаш не ја разбирам нашата логика, подвлече Шаленберг.

Тој додаде дека „ако делуваме силно во Украина и Молдавија, тогаш тоа мораме да го направиме и на Западен Балкан“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе