Вести Свет

Британски извештај: Руската армија е пред колапс. Путин е убеден во победата

Британски медиуми објавија тајна анализа за руската инвазија на Украина, напишана од, како што тврдат, врвен британски аналитичар и која им е ставена на располагање на високи функционери на британската влада. Во анализата се наведува дека руската армија е „на работ на колапс“ и дека нејзините загуби досега се 30.350 војници.

Украинците тврдат дека Русите изгубиле 207 воени авиони, 174 хеликоптери, 1.349 тенкови и 13 бродови од почетокот на инвазијата. Независниот портал Орикс, пак, наведува дека Русите останале без 4187 воени возила, пловни објекти и авиони.

Извештајот, исто така, сугерира дека претставниците на Кремљ „залудно се обидувале да го убедат Путин дека неговата инвазија е катастрофа, но дека Путин сè уште верува дека може да извојува делумна победа“.

“Обидот на Русија да постигне брза и одлучувачка победа во Донбас се уште не успеа. Тие се уште напредуваат, добивајќи по 1-2 километри на ден. Русите сега постигнуваат успех главно со последователни, многу скапи, пешадиски напади кои потсетуваат на 1945 година, не 2022. година.

Путин досега успеваше доста добро да ги сокрие своите групни неуспеси од руската јавност, односно да обвини различни функционери кои беа уапсени и отпуштени.

Руското население до неодамна веруваше во дезинформациите на Путин. „Гледаме обиди во Кремљ да се пренесе порака до Путин и неговиот најблизок тим дека работите не одат добро, можеби дури и катастрофално“, се вели во извештајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе