Во Србија се истражува еден случај кај дете за кое постои сомневање дека има акутен хепатитис од непознато потекло, односно заболување на црниот дроб најверојатно предизвикано од аденовирус, кој бил дијагностициран кај деца од предучилишна и училишна возраст, во повеќе од 20 земји.
Доктор Аспасија Софијанова во утринската на Телма која говореше на оваа тема, вели дека податоците со кои располагаат педијатрите е дека 50% од децата кои биле заболени со овој мистериозен хепатит им била потребна трансплантација на црниот дроб.
Софијанова вели дека се уште се истражува дали болеста е последица на пост-ковид, а до родителите апелира да се внимава на хигиената кај децата со оглед на тоа дека болеста се пренесува преку валкани раце. Смирува дека во Македонија засега овој хепоатит икс засега го нема.
